Заев: Тевдовски замина за да влезам јас со својот кредибилитет да одржиме економска лекција

,,Клучно е моето влегување, а не работењето на Тевдовски, не е  дека сум незадоволен . Јас влегувам во последната фаза јас лично како политичар којшто добил мандат од граѓаните, дефиниран преку Парламентот, само во конечната реализација на програмските определби. Следуваат доста решителни и храбри чекори , чест и одговорност е да ги носам јас. Во таквите храбри и решителни чекори очекувам да постигнеме покачување на плати и пензии и конечно да се почувствуваат економските политики  на нашата програма. Оваа година ја прогласивме за економска година, ако ланската беше година на интеграции.

Доаѓаат убави времиња комплетно за сите граѓани во нашата земја. Но, периодот треба максимално да го искористиме и затоа влегувам комплетно со целиот свој кредибилитет за да одржиме економска лекција“, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за Сител.