Заев: Целосните снимки покажаа дека парите се за цемент, железо, тули за црквата

,,Денеска имавме прилика да ги видиме снимките и се докажува токму тоа што го тврдевме. Се гледаат двата намерни прекини на веќе објавените снимки, кадешто се слуша дека парите се за железо, цемент,тули, за комплетна организација за црквата. Драго ми е што низ судска постапка го разобличивме целиот случај. На сите им е јасно дека се работи за монтиран случај, кој, верувам , ќе заврши со ослободителна пресуда. Се откажавме од дополнителните сведоци, затоа што нема потреба да ги малтретираме судиите и јавноста. Сѐ е јасно од денеска преслушаните снимки. По објавената пресуда, ќе сторам сѐ да ги добиеме снимките и да ги објавам во јавноста, ако ги добиеме, ветувам јавно ќе ги објавам“-рече Зоран Заев по слушањето на целосната снимка од случајот Поткуп, што се одвиваше зад затворени врати.