Заев чека да види што има обвинителството за Ременски

,,Кога некое лице ќе биде осомничено или обвинето, тогаш ја применуваме мерката санкции, времено да биде отстрането од функцијата за да може реално да си ја даде својата одбрана“-рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во Влада.

Тој рече дека симнувајќи се низ скали дознал за соопштението на ЈО, но вели дека е редно да се сочека да се види дали ќе има обвинение за функционерот на СДСМ.

Тој иако не ја спомна ФРосина Ременски, рече дека разбрал дека потпретседател на Собранието е инволвиран во случајот ,,Рекет“.

Заев рече дека принципиелно може да каже каков е ставот во вакви случаи, но сепак сака да се информира целосно, а конкретниот став ќе биде објавен утре.