Заев ја завршува градоначалничката кариера

На денешната седница на Советот на општина Струмица градоначалникот Зоран Заев го именуваше советникот Костадин Костадинов за заменик градоначалник, заради заминување на друга функција. Заев најави дека завршува неговата градоначалничка функција која ја извршуваше во три мандати, бидејќи е избран за пратеник, а до крајот на овој мандат на локалната самоуправа функцијата градоначалник ќе ја извршува именуваниот Костадинов. Во својот говор пред советниците на општина Струмица Заев најави дека тоа ќе биде така до 10 мај 2017 кога најверојатно ќе се одржат редовните локални избори.