Заев: Ќе ги вратиме украдените пари на граѓаните (видео)

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на заедничка прес конференција со носителот на листата во ИЕ 1 Стево Пендаровски, упатија порака до Груевски и врхушката на ВМРО ДПМНЕ дека мора да ги вратат сите пари што ги изнеле на криминален начин од државата.

,,Гледам Груевски е загрижен. Треба да биде загрижен! Додека тој до ден денеска се бори парите да влезат во џебот на фамилијата, нашата борба е парите да влезат во џебот на граѓаните. И тоа ќе биде така после 11 декември во Р. Македонија”- рече Заев.

Според него не може Македонија да ја има најбогата партија во Европа и најсиромашните граѓани на Балканот.
Сетот мерки коишто постојат во нашата програма, преку намалувањето на трошоците на сите овие измислени трошоци од радиодифузни такси, до извршители, до казни, преку укинувањето на евтината тарифа и многу други, токму преку мерките за зголемување на социјалната помош, преку правичното оданочување и еве еден еклатантен пример преку повратот на 15 проценти од ДДВ на секој граѓанин, ќе се враќаат на многу внимателен и сериозен начин парите назад кон граѓаните”-рече Заев.

Пендаровски рече дека по изборите, тие ќе направат се да се вратат украдените пари на граѓаните.