Заев: Ќе докажеме дека финансирањето на изборната кампања е законско

,,Oвде сме  во законска процедура да ја докажеме нашата невиност, за сомневања коишто се однесуваат на организирање на кампања од страна на СДСМ. Осомничен сум јас, едно вработено лице во партијата кај нас и СДСМ како политички субјект“-рече лидерот на СДСМ Зоран Заев по излегувањето од распит кај јавен обвинител.

,,Денеска имаме закажано можност за увид во доказите коишто Јавното обвинителство ги има обезбедено. Ќе ги направиме сите постапки поврзани со увидот во доказите и согласно тоа ќе ја подготвиме и нашата одбрана. Благовремено, преку вас медиумите, граѓаните ќе бидат информирани за сите детали, секако она што е дозволено во текот на истрагата.

Јас уште еднаш само да потврдам, СДСМ е политичка партија којашто важи за пример за сите други политички партии за организирање кампања, се работи за кампањата 2016 година, за изборите коишто се одржаа на 11 декември, апсолутно нема ништо што претставува некаков проблем или каква било резерва од наша страна. Но, што и да е, денеска, од увидот во доказите ќе видиме за што се сомничиме, јас, партијата и лицето вработено во СДСМ’-изјави Заев.
,,Ние сме поборници на правда и правна држава во Македонија. Секако, примерот мора да го дадеме од нас како СДСМ, и како политичка партија, но и како поединци, коишто сме од оваа политичка партија. Штом ќе направиме увид во доказите, веднаш после тоа ќе можеме да коментираме за сите детали врз основа на коишто Јавното обвинителство темели сомневања врз нас“-рече Заев.