Заев: 300 пилоти не сме ветиле во Арачиново, пилот-проекти да

,,Ни во мое Муртино нема толку пилоти“-рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање и апелираше кога се дава некоја вест да се слушнат двете страни , бидејќи во спротивно излегуваат вакви лажни вести.

,,Сите денеска се потсмеваат дека во Арачиново владата ветила 300 пилоти. Сите знаете дека тоа не е можно. Дефинитивно 300 пилоти не сме ветиле. Сме ветиле пилот – проекти, но за 300 пилоти државата нема потреба. 300 пилоти нема ни во мое Муртино, ниту во некое друго место бидејќи за тоа државата нема потреба“-рече премиерот.

Тој информираше дека во Арачиново се реализирни многу ветени проекти, а некои се во тек.