Закажан избор на Претседател на Собрание

Една од точките на дневен ред на денешното конституирање на новиот собраниски состав е избор на нов Претседател на Собрание на РМ. Ова ја наметнува дилемата дали се готви нешто задкулисно, бидејќи во услови кога не е формирано парламентарно мнозинство не  е јасно од чии редови ќе биде избран новиот собраниски спикер. Можеби тука некаде лежи и зајакот, кој ја открива намерата на ВМРО ДПМНЕ за инсисистирањето Трајко Велјановски да ја води седницата , иако реално тој сега е пратеник  без никаква функција.

Досегашната пратика беше конститутивната седница да ја води најстариот пратеник од новоизбраните пратеници, а не поранешен Претседател на Собрание.

Покрај избор на нов Претседател на Собрание, на дневен ред се и избор на претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието на Република Македонија, верификација на мандатите на пратениците во Собранието на Република Македонија, избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија.

Политичките партии што освоија мандати вчера одржаа координативна средба со Трајко Велјаноски, околу деталите за денешната конститутивна седница.

По средбата, генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, рече дека тие не се согласуваат со седницата да претседава собранискиот спикер во заминување, Трајко Вељаноски. Пвикувајќи се на деловникот на Собранието, побара со конститутивната седница треба да претседава најстариот меѓу избраните пратеници Бранко Маноиловски од ДУИ, а не Вељаноски.

На предвремените парламентарни избори, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеничко место, коалицијата предводена од СДСМ – 49, ДУИ – 10, Движење Беса – 5, Алијанса за Албанците – 3 и ДПА – 2 пратенички места.

АКО.мк актуелно-објективно