Закана за тужба за Актуелно.мк од Орка Холдинг и Клиничка болница СИСТИНА

Соопштението, кое патем не го добивме, го објавуваме во целост:

„Во врска со текстот објавен на порталот Актуелно.мк со наслов „Објавена одлука за ликвидација на Систина Медикал“ информираме дека Приватната здравствена организација – Специјална болница по гинекологија и акушерство Систсина Медикал, основана на 25.08.2000 година со дејност 85:12 медицинска пракса, работеше се до отворањето на Клиничката болница Аџибадем Систина.

Согласно законот, со оглед на тоа дека компанијата Систина Медикал повеќе нема активности, како и дозвола за работа, мора да биде спроведена постапка за ликвидација.

Актуелно.мк: „Засега нема информации во јавноста зошто се ликвидира една од најпознатите фирми на бизнисменот Орце Камчев“
Апелираме да не пласираат невистини и во таа смисла советуваме да се применуваат професионалните новинарски стандарди и да не се прават конструкции од дезинформации.

Имено, бараме да се повлечат текстовите со кои се шпекулира со јавноста, а со кои се поврзува правниот субјект Клиничка болница Аџибадем Систина, компанија која успешно работи и не е предмет на ликвидација. Информациите за работењето на компаниите се од јавен карактер и се достапни во надлежните институции во Р. Македонија. Ве молиме да се информирате соодветно.

Против порталот Актуелно.мк и сите останати кои ќе ја објават веста со шпекулативна содржина ќе биде покрената постапка за тужба од страна на компанијата Орка Холдинг АД Скопје и Клиничката болница Аџибадем Систина.“