Заменик министерот за здравство Асим Муса снимен како договара мито за операција(видео)

Заменик министерот за Здравство, Асим Муса, во болницата во Струга каде работи како лекар, беше фатен на дело како се пазари со ,,пациент“ од Албанија за операција на простата, пренесува VOX Struga.

,,Пациентот“ е всушност новинар од Албанија на тајна задча, кој работи за истражувачката емисија „Фикс Фара“ што се емитува на Top Channel.

На видеото кое беше објавено вечерва, се гледа како Асим Муса и „пациентот“ од Албанија се договараат за термин за операција која би требало да се изврши во просториите на Институтот за нефрологија во Струга, познат како Дијализа. Впрочем и средбата меѓу Муса и ,,пациентот“ се случила во просториите на Дијализа- Струга.

Се договараат цената на операцијата да биде илјада евра, а за кафе Муса зема однапред 50 евра.

FiksFare

Zv Ministri: 1000 euro operacioni, 100 euro synetlliku.https://youtu.be/xyIyuzA24RM

Posted by Fiks Fare on Monday, October 14, 2019
https://www.facebook.com/tch.fiksfare/videos/2455700754485555/

Целата емисија на албанската телевизија Топ Канал може да ја погледнете на линкот подолу.

Одете на делот каде пишува Watch on YouTube.

Извор: VOX Struga i Top channel