Заменик министерот Нухиу го посетил претепаниот Синадиновски во неговиот дом

Кусо време по тепањето на Бранислав Синадиновски пред неговиот дом во општина Аеродром,во домашна посета бил заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, известуваат медиумите на албански јазик.

Бранко Синадиновски, добро позната личност и претставник на  македонските православна Албанци, беше претепан вчера во близина на зградата кадешто живее во Аеродром, пишува Журнал.

Се уште не е позната причината за неговото тепање, но тоа се случило  сред бел ден.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА велат дека се работи на расчистување на случајот.

Инаку, Синадиновски е универзитетски професор по потекло од Беличица , Горна Река во регионот на Маврово во Македонија. Тој пред неколку години  во јавноста се изјасни дека им припаѓа на Албанците од Македонија со православна вероисповест. Тој е основач на верската заедница на православните Албанци во Македонија. Синадиновски е автор на неколку книги за православните македонски Албанци.