Заменик министерот Спиро Ристовски место на премиерот му рапортираше на Груевски

Сивата еминенција Никола Груевски денеска правеше обиколка на новите машини за перење во реновираниот блок од студентскиот дом ,,Гоце Делчев“. Иако Груевски веќе две години не е премиер, владиниот функционер Спиро Ристовски наместо пред техничкиот премиер Емил Димитриев, даваше рапорт како заменик министер за образование пред претседател на партија. Ова скандалозно бришење на границата меѓу партијата и државата, не е прво вакво однесување. Напротив, тоа е интенција која сака да се покаже во јавност и која  се потенцира.

-Во двата блока кои до­сега се обновени, ин­вестирани се 3 милио­ни евра. Секој од блоковите во просек имаат меѓу 320 и 335 легла, што само по себе е како една висококатница. Втората крупна инвес­тиција која се реализира е набавката на мебел­от за сите државни студентски домови. Во следните 45 дена се очекува на ниво на цела држава да се заврши со замена на мебелот, а на барање на самите студенти набавени се перални и сушални исклучиво за нивни потреби – рапортираше пред Груевски Спиро Ристовски, заменик министер за образование и наука.

Машините за перење чинеле 200.000 евра, а заинтересираниот Груевски прашуваше како ќе се користат. Со жетони,одговараше Ристовски.