Замрзнаа водомерите во Кавадарци

Во Кавадарци од студот замрзнуваат водомерите. Во голем број семејства  поради ниските температури веке е регистрирано замрзнување на водомерите. Раководителот на работната единица за водовод и канализација Јавното препријатие од овој град , Марјан Прескакулев, информираше дека околу седумдесет водомери се пријавени во претпријатието како нефункционални поради студот.

– „На замрзнатите водомери им се искршени стаклата и тие не се во функција. Доколку не реагираат навреме, водокорисниците кои имаат вакви дефекти остануваат без вода за пиење бидејќи водата ја полни шахтата и дворот. Затоа е неопходно ваквите проблеми да се пријават навремено“, рече Прескакулев. Според него, мрзнат водомери кај дел од водокорисниците кои имаат непрописно направени водомерни шахти.

Екипи на “Комуналец” се на терен и активно работат на отстранување на ваквите дефекти. Без вода и понатаму остануваат граѓаните кои беа солидарни и ги послушаа препораките на Локалната самопуправа да не се оставаат отворени чешмите во текот на ноќните часови. Имено тие во најстудените ноќи како лојални граѓани солидизирајќи се со своите сограѓани кои се без вода, одлучија да не ги остават отворени славините, па како резултат на тоа веке утредента имаа целосно замрната интерна водоводна мрежа, која сега воопшто не се одмрзнува , им пукаат стаклата на водомерите и што е најважно, немаат и санитарна вода.

Додека пак оние граѓани кои покрај препораката на надлежните да не се остават отворени славините во ноќта, не ги послушаа ваквите совети ,ја оставија водата да тече преку ноќта па сега имаат нормален, а може да се каже дури и поголем притисок во славините од нормалниот.Во случајов оние кои останаа со замрзнати водомери велат дека очигледно не треба да се биде солидарен,бидејќи таму каде побарале помош, само ги кревале рамениците.

Град Кавадарци повеке од три дена се соочува со овој проблем, вели градоначалникот Александар Панов посочувајќи дека први на удар биле жителите на Возарци кои се снабдуваат со вода од линијата за Фени.

-„ За време на викендот кога паднаа температурите под 25 и 30 степени започнале да замрзнуваат воздушните вентили на „Лукар„ и “Тиролскиот зафат“. По стартувањето на новата линија во системот со дополнителни 50 литри во секунда, состојбата е ублажена, но сепак водата замрзна и ја снема кај граѓаните кои живеат по високите катови и високата зона.На ваквата состојба дополнително му „кумуваа„ самите граѓани кои оставија ноќта да течат славините за да не замрзнат.Ете таа потрошувачка, која е рамна на летна потрошувачка на вода, директно влијаеше да остане градот без вода.Енормната потрошувачка, која некои ги штитеше од замрзнување , за жал остави цели реони без вода“,смета првиот човек на градот.

Билјана Н.Тошевски