Замрзнатите сметки на ,,Трансмет“ не значат неработење, туку неотуѓување на имот и пари

Од СЈО потврдуваат дека  имотот на компанијата Трансмет на бизнисменот Сеад Кочан, е привремено замрзнат, како и три сметки на оваа компанија, но то не значи дека таа нема да работи. Тв Нова не е дел од овие мерки и таа продолжува нормално да функционира.

Замрзнатите сметки значат дека имотот и средствата што се водат на компанијата нема да можат да се продаваат или изнесуваат во странство со префрлање на други сметки.

Сеад Кочан веќе три месеци е во бегство. СЈО поднесе обвинение за него за нелегално добивање тендер и побара притвор.

Судот му одреди 30 дневен притвор, но тој се уште е во бегство  и по него е распишана меѓународна потерница.