Замрзнати политички односи меѓу Турција и Холандија

Турција му забрани на холандскиот амбасадор, кој се наоѓа надвор од земјата , да се врати во амбасадата во Анкара.Одлуката ќе трае се додека не се исполнат условите кои Турција ги постави. Ова го изјави заменик премиерот на Турција Нумен Куртулес пренесува агенцијата Анадолија.

Односите меѓу двете земји на високо ниво, ќе бидат суспендирани на одредено време се додека Холандија не го поправи тоа што го направи, изјави тој.

Од денеска се стопираат и дозволите за официјални дипломатски летови на холандските политичари, но тоа не се однесува на патувањата на обичните холандски граѓани.

 

Односите меѓу двете земји се влошија по одбивањето на Холандија да дозволи влез на актуелни турски министри кои  кон Холандија доаѓаа со намера да држат политички собири со холандски граѓани со турско потекло пред претстојниот референдум за промена на уставот со кој се зголемуваат ингеренциите на претседателот на државата.