Замрзна најголемата српска река Велика Морава

Поларните температури што го зафатија Балканот ги оковаа во мраз реките, езерата, па дури и Јадранското море во Хрватска.
Српските медиуми јавуваат дека најголемата српска река Велика Морава е замрзната на повеќе места. Ова е реткост, кажуваат мештаните кои живеат по нејзиното течение, затоа што во неа се слеваат повеќе термални води од бањите.

Изминатиот викенд и во Македонија замрзнаа делови од Охридско и Дојранско езеро.

АКО.мк

фото-танјуг и агенции