Замрзна Јадранското море во делови на Далмација (видео)

 

Хрватска ја зафати студен бран, а заради исклучително ниските температури утрината замрзна Јадранско море на повеќе места околу Задар и Сплит.

На планините е измерена темпеаратура од -20 степени, а заради ветерот чувството за студено е -36 степени.

Во Далмација темературата се спушти до -7 степени. Хрватските медиуми нагласуваат дека ова е првпат од 1963 година да се спушти толку ниско живата на темометарот, заради што морето е замрзнато, а голем број бротчиња се превртени заради силниот ветер.

Заради силниот ветер на автопатиштата, главно на Јадранска магистрала беа превртени дури и камиони.

На Јадранското крајбрежје ниските темератури, големите бранови и силниот ветер, го оковаа куќите во мраз.

Извор: Hrvatski mediumi

АКО.мк