Запалена дрвената статуа на Меланија Трамп во нејиното родно место во Словенија

Дрвената статуа на Меланија Трамп, која беше поставена во нејзиното родно место во Словенија, Севница, е запалена.

Статуата ја изработи локален уметник-дрвосечач, а ја нарача американскиот уметник Бред Дауни.

Меланија е прикажана како отпоздравува со штица место рака, во син фустан како оној на инаугурацијата на Доналд Трамп.

Полицијата истражува кој ја запалил статуата.

Беше поставена во јули минатата година, но мештаните воопшто не беа задоволни како изгледа, бидејќи тие се горди на својата сограѓанка, прва дама во САД.