Запалено возило на ЕВН во Тетово

Изминатата ноќ во Тетово беше запалено возило на ЕВН.

Фотографиите беа поставени на социјалните мрежи, а под нив се коментираше за и против ваквото однесување.

Повеќето го поддржуваа палењето на возилото, со дополнување дека само ќотек ќе ги вразуми тие што го крадат народот.

Пожарот е изгаснат…

…а возилото целосно уништено.

Како што јавуваат некои локални медиуми, во Тетово горат возила на ЕВН на повеќе локации.

Во повеќе наврати во Тетово, Скопје и други градови се одржаа протести против последното поскапување на струјата од 7,5 проценти.

За денеска се најавени нови протести.