Започнаа изборите во САД

Традиционално, на полноќ, започнаа изборите во Соединетите Американски Држави во малечкото место Диксвил Ноч во државата Њу Хемпшир, кое има само осум гласачи. Според преброените гласови Хилари Клинтон добила четири, а Трамп два, додека по еден добиле Гери Џонсон од Либертаријанската партија и Мит Ромни минатогодишниот кандидат за претседател на републиканците.

Истовремено двајцата кандидати фаворити, ги одржаа своите последни предизборни собири.Клинтон во Северна Каролина, а Трамп во Мичиген.Трамп имаше порака дури и до демократските гласачи.

,, Ги повикувам американците да гласаат. Демократите, републиканците, независните, сите ги прашувам дали може да замислите Хилари да ви биде 4 години претседател?,,- праша Трамп.

Пред полноќното обраќане Клинтон го одржа својот најголем предизборен собир во Филаделфија пред 33 илјади луѓе. На бината со неа беа музичката ѕвезда Брус Спрингстин, но и актуелниот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел. Таа ги повика гласачите да излезат во голем број и да гласаат за Хилари.

Хилари Клинтон им се обрати на избирачите со зборовите-,, Нема да дозволам некој да не враќа назад, нашите основачи имале многу разлики, но секогаш правеле компромис заради вас, тоа е она што јас сакам да го напаравам,,-рече Клинтон.

На национално ниво според истражувањата Клинтон има предност пред Трамп за два насто според последните мерења, па затоа на американските политички аналитичари се потешко им е да прогнозираат кој ќе биде новиот претседател на САД.

Најмногу на резултатите според нив, ќе влијае излезноста на афроамериканците и латино заедницата и нивниот избор за кого ќе гласаат.