Започна деветдневната жалост во Куба

 

Во Куба започна деветдневна жалост по повод смртта на долгогодишниот водач Фидел Кастро. На универзитетот во Хавана каде што студирал тој, стотина студенти извикуваа ,,Јас сум Фидел,, а во деновите на жалост знамињата ќе бидат на половина копје, откажани се сите концерти и забранета е продажба на алкохол.

Весниците во Куба се отпечатени со црно мастило. На плоштадите се очекува да има митинзи.

Ројтерс  известува дека се подготвуваат масовни митинзи во главниот град на Куба , но и во Сантјаго, на исток на земјата.

На островот со 11 милиони жители, весниците се отпечатени со црна, наместо вообичаената црвена боја, која е обележје на официјалниот весник на комунистичката партија или сината на комунистичката младина.

,,Живеевме во беда. Тогаш дојде Ел Команданте и револуцијата. Тој ми даде чувство дека сум човек. Се нему му должам,,-вели еден 6о годишен човек.

Инаку, нема засилено присуство на полиција или војска.