Започна изградбата на браната „Конско“, најголемата капитална инвестиција во земјоделството во последните 10 години. Вкупниот износ на инвестицијата е над 2,4 милијарди денари. Ова решение ќе овозможи наоднување на 8.000 хектари плодно обработливо земјиште, односно пет пати поголема површина отколку досега.

На денешниот настан, заедно со премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство Љупчо  Николовски, присуствува  и градоначалниците од околните општини . Овој проект е од исклучително значење за граѓаните од гевгелискиот регион, но и за сите граѓани на Македонија, вели министерот Николовски.