Започна изградбата на трибината во Чаир

Во насока на унапредување на фудбалската инфраструктура на стадионите во државата и веќе најавените проекти за изградба на трибини  денеска започна изградбата на трибината  стадионот во Чаир.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу   и Бујар Османи, амбасадорите на Косово и Албанија  во Македонија, како и поранешни легенди на Слога,   го означија почетокот на изградбата на новата трибина која треба да донесе подобри услови за следење на прволигашките натпревари.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини истакна дека од огромно значење е подобрување на инфраструктурата на стадионите.

„Многу сум среќен што сме собрани тука за изградбата на новата трибина на овој стадион кој носи многу позитивни моменти и спомени од историјата. Убеден сум дека оваа трибина му недостасуваше на овој стадион, ги насочивме средствата од УЕФА преку „Хет -Трик“ програмата, трибинита ќе биде изградена според сите стандарди на УЕФА заедно со подтрибинскиот простор. Благодарност до општина Чаир за соработкаста изаедничката реализација на овој проект“  -истакна Сејдини.