Започна продажбата на билети за туристички летови во вселената

Најбогатиот човек на светот, бизнисменот Џеф Безос и неговата компанија „Blue Origin“,од следната година ќе праќаат туристи во вселената. Оние кои тоа можат да си го дозволат, во вселенската авантура ќе  заминат со ракетите со човечки екипаж „New Shepard“.

Цената на билетот за таков лет се уште не е позната, но се знае дека летот ќе трае околу 10 минути. Ракетите ќе достигнат висина од околу 100 километри и ќе слетаат вертикално на Земјата. Пробните летови со патници треба наскоро да почат од лансирната рампа во Западен Тексас.

Во патничката капсула со големина од 15-тина кубни метри ќе собира шест вселенски туристи кои за време на летот ќе се најдат во бестежинска состојба. Капсулата ќе се спушти на Земјата со помош на падобран.