Започна продажбата на билети за фестивалот EXIT

Билетите за популарниот фестивал Егзит што се одржува на Петроварадинската тврдина во Нови Сад се пуштени во продажба. Иако до почетокот има уште цели осум месеци, интересот на публиката е за два пати поголем од минатата година.

Влезниците во Србија се продаваат по цена од 5 990 динари, или околу 50 евра. Доколку се купат сега, се заштедува повеќе од половина пари предвидени за цената на полниот износ кога ќе се продаваат непосредно пред фестивалот.

Овој фестивал е на светската мапа најпопуларни во светот, а се собираат и до 100 илјади посетители. За влезниците за идната година веќе се пријавиле 20000 купувачи.