Започна со работа 9 километарската гондола на Златибор вредна 13 милиони евра

Денеска е пуштена во употреба најдолагата гондола во светот која го поврзува Златибор со туристичката локација Торник.

Кабините поминуваат над вештачко езеро, скијачки патеки, ливади и шуми и нуди прекрасен поглед од височина.

Целиот проект чини 13 милиони евра, а целта е ова туристички локалитет да добие атракција плус и олеснителен пат за скијачите на падините на Златибор.

Изградбата на панорамската гондола траеше 5 години.

Билетите за возрасни за домашни туристи чинат 1.000 динари, околу 500 денари и 250 денари за деца.