Заради закани на ФБ до новинари, уапсено едно лице

Едно лице е уапсено од страна на припадници на криминалистичата полиција во Србија заради закани на ФБ упатени до новинарите на N1 телевизија.

Како што соопшти МВР на Србија, уапсен е 34 годишниот З.М. кој по пат на ФБ упатил заканувачки пораки до вработените на Н1 телевизија.

,,Вие к..ви американски, кои ја одржувате оваа страница, чии сопственици се најголеми дуѓмани и непријатели на српскиот народ, кога ќе дојде време за наплата нa долговите, први ќе го почувствувате гневот на вистинските срби. Јас прв имам желба да заколам такви к..ви американски, кои дозволуваат непријателот да ги … за пари, п…. од луѓе” -напишал ово белграѓанец на ФБ страницата на телевизијата.

Полицијата соопшти дека по истрагата е утврдено дека ова лице пораките ги упатувало од лажен профил Страхиња Миленковиќ.

По приведувањето З.М. ќе биде задржан на 48 часовно испитување, по што ќе биде предаден ан одделот за борба против високотехнолошки криминал во српското обвинителство.

Во Македонија подолго време се шири говор на омраза и се упатуваат закани на ФБ , но и во изјави на поедници кон новинари, НВО активисти и опозиционери, но никогаш не е преземено ништо од надлежните институции.

 

Izvor: N1