Заради недостиг од персонал колабира болницата ,,8-ми септември“

Болницата ,,8-ми септември“ денеска затвори две одделенија и тоа Пулмологија со ендокринологија и Општа и ургентана медицина. Одделенеијата се затвораат заради недостиг на медицински кадар. Од истите причини утре ќе бидат затворени и 4 операциони сали. Директорот на болницата за медиумите изјави дека состојбата е очајна , а со месеци немаат никаков контакт со Министерството за здравство.

Реагираше СДСМ:

Затворањето на одделенијата за Пулмологија со ендокринологија и Општа и ургентна хирургија, поради недостиг на медицински кадар, за жал, е првата конкретна последица од блокирањето на демократските процеси и формирањето на нова реформска Влада. Здравството е во колапс, а ВМРО-ДПМНЕ упорно ги кочи демократските процеси.

Доколку денеска имаше нова реформска Влада, ќе се решеше проблемот со кадарот во болницата 8-ми Септември и таа немаше да има затворени одделенија и ќе работеше во полн капацитет. Доколку ВМРО-ДПМНЕ не ги спречуваа демократските процеси, денеска веќе ќе се разгледуваше предлогот за зголемување на платите на лекарите и специјализантите, а лекарите ќе беа ослободени од дополнителни административни обврски на работното место и ќе се посветеа на лекувањето.

ВМРО-ДПМНЕ десет години го уништуваше здравството и тоа уништување продолжува и денес, кога како опозиција ги кочи промените кои треба да донесат квалитетно и достапно здравство и подобар живот за сите. Македонија не смее повеќе да си дозволи да остане без нова реформска влада за која гласаа мнозинството граѓани.