Заради опасност од бегство Чавков пренесен во 30 дневен притвор

Два дена пред изрекувањето на пресудата за настаните поврзани со насилството во Собрание на 27 април пред две години, првоосомниченит поранешен прв човек на БЈБ, Митко Чавков е пренесен во притвор во истражниот затвор.

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе Предлог за определување мерка – Притвор према М.Ч. согласно чл.165 ст.1 т.1 од Законот за кривична постапка.

Имено, по добиени сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност, обвинителството побара од Основниот суд Скопје 1 – Скопје да му биде определена мерка – Притвор. Кривичниот совет го прифати предлогот на обвинителството и на обвинетиот со Решение му определи мерка – Притвор во траење од 30 дена.

Обвинетиот е дел од предметот што се води за настаните во Собранието од 27 април 2017 година, за кој главната расправа е завршена и е закажано рочиште за објавување на пресудата.