Засаден чинар во срцето на Дебар Маало во чест на Горан Стефановски

Општина Центар го чествува ликот и делото на драматургот Горан Стефановски.

Минатата недела, Општина Центар засади чинар во срцето на Дебар Маало, паркчето спроти „Наџак“, а на 27 април во чест на Стефановски во паркот ќе се организира поетско читање, музичка програма и проекции на слики и видеа. Наскоро, во овој парк, Општина Центар ќе постави и клупа со скулптура на овој брилијантен автор, професор и голем човек, информира градоначалникот Богдановиќ.