Засилените сообраќајни контроли откриваат бројни прекршоци

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, информираат од МВР.

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 346 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 150 прекршоци, нерегистрирани возила 24, 28 санкционирани мотоциклисти и три одземени мотори, 54 мерки за непрописно паркирани возила и 29 возила подигнати со пајак (вкупно 83), а изречени се и 48 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

,,Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“-велат од МВР.