Засилен притисок врз ромите од Прилеп од политичка партија

Прилепската населба „Тризла“ во која живеат граѓаните од ромската етничка заедница, традиционално е местото каде за сите избори се вршат најсилните притисоци врз гласачите.

Истата ситуација се повторува и денеска. Со отворањето на избирачките места, пред ОУ„Добре Јованоски“ во кое се наоѓаат десетина избирачки места, забележливо е присуството на поголем број агитатори од владејачката партија, но и службеници вработени во МВР-Полициска станица од општа надлежност Прилеп. Меѓу нив е и началникот на одделението за стопански криминал Марјан Станоески-јавува порталот Публикум.

Постојано присутен пред влезот на училишната зграда е и претседателот на Месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од „Тризла“, кого полицајците не сакаат да го отстранат и покрај тоа што случајот во два наврата е пријавен во прилепската Полициска станица.

Освен тоа, како што може да се види и од фотографиите, во функција на изборите се ставени и возилата на Општина Прилеп кои можат да се забележат пред гласачките места.

unnamed-2