Мицкоски пред Мицкоски. Додека зборуваше Христијан Мицкоски пред членовите на општинската организација на партијата во Кисела Вода, одзади ,,ѕиркаше“ Мицкоски.

Всушност, локалните партиски организации на ВМРО ДПМНЕ, првин срамежливо по оставката на Никола Груевски, но потоа масовно ја симнаа неговата слика, и ја поставија на неговиот наследник.

Мицкоски во Кисела вВда пред членството зборуваше за ,,Кацарска судството’ и ,,Рускоска обвинителството“.

,,Вечерва бев во посета на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода и таму секогаш најубаво може да се почувствува енергијата на народот и неговото пулсирање за најважните теми.

Еден човек ми рече, ајде што црна ни е живеачката, и околината во која живеат нашите деца уште го прави поцрно ова време, убиства на улиците, криминалци на слобода, револвераши кои нашата населба и маалата ги претвораат во места како дивиот запад.

Живееме во време каде власта го прислушкува обвинителство
и судство, каде имаме нарачани пресуди во духот на „Кацарска судството“, нарачани обвиненија во стилот на „Русковска обвинителството“, а од поново цреме и нарачани сведоци кои треба да го компромитираат ВМРО-ДПМНЕ,и така мислат дека ќе не укинат како партија, и така лажно се надеваат дека помалку ќе се збори за нивниот криминал и нивниот срам со изневерените очекувања и лажните ветувања. Така мислат ќе биде и помал оној столетен срам и болка која и ја нанесуваат на овој народ со промената на името и Уставот на земјата.

Но, нема прогон, нема притисок кој може да го покрие она што станува заштитен знак за оваа влада, црнилата. Црнила преку промена на името, црнила преку уништената економија, ценила преку покачените даноци и корупцијата која цвета.

Кисела Вода знаела и умеела да се спротивстави на неправдите, така ќе биде и сега. Ќе изгрее зората и Македонија ќе победи“-напиша претседателот на ВМРО ДПМНЕ на неговиот ФБ профил.