По инцидентот што се случи денеска во пристаниште во Венција, кога капетанот не успеа да воспостави целосна контрола вр туристичкиот крузер, на социјалните мрежи се појавија повеќе видео снимки кои покажуваат дека е избегната голема трагедија.

Неколку лица беа повредени откако крузерот „МСЦ опера” ја изгуби контролата и удри во пристаништето во Венеција. Веќе засидрениот брод, многу помал, беше полн со патници, кои почнаа панично да бегаат.