Специјалните тајландски сили го убија 32 годиншиот војник Џакрапант Тома, кој изминатото деноноќие направи масакр во градот Кората, јави Би-Би-Си.

Како што информираа светските медиуми, по 17 часовна заложничка драма во трговскиот центар ,,Терминал21“ и потрага по него, специјалните сили успеаја да го лоцираат и го застрелаа.

Полудениот војник изврши крвав пир тргнувајќи од воената команда каде уби свој претпоставен и неколку војници, а потоа вооружен до заби, пукаше по улиците и на крајот го зазеде трговскиот центар со заложници.

Тој уби најмалку 26 луѓе.

Целиот масакр го снимаше, направи селфи и го пренесуваше на социјалните мрежи со зборовите ,,Време е за малку возбудување“.