При вондреден инспекциски надзор во општина Бутел на ул. Александар Урдаревски од страна на Инспектори за Животна средина од Инспекторат на Град Скопје, констатирано е дека се врши недозволено депонирање на секаков вид отпад ( градежен шут, комунален отпад и др.) за кој се врши наплата од страна на лица кои беа затекнати на локацијата. Сторителите ќе бидат гонети согласно Кривичниот законик на РСМ.