Присуството на руската портпаролка Марија Захарова, на фестивалот на трубата во Гуча, ги полни локалните медиуми во Србија, но и оние во Русија.

Таа беше на вечера со министрите Дачиќ и Поповиќ и со лидерот на Единствена Србија, Драган Марковиќ Палма, кога во еден момент понесени од звуците на народната песна ,,Видовден“, тројцата станаа и запеаа.

За тоа време Захарова со својот телефон правеше селфи фотографии:

Во Гуча се одржува популарниот фестивал на трубата , а портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, е почесна гостинка.