Зачестија пожарите по домовите

Утринава околу 5 часот во подрумски простории од куќа во Кавадарци избувнал силен пожар. Според, командирот на територијалната противпожарна единица Илчо Богевски, огнот било локализиран околу десет часот. За среќа, нема повредени.

-„Изгореа предметите во подрумот. Дрва за огрев, дрвени гајби. Не дозволивме пламените јазици да се прошират на катот, така што се помина само со исчадување во еден дел од него“, соопштува Богевски.

Во гаснењето интервенирала противпожарната единица со две противпожарни возила и осум пожарникари. На помош пристигнала и противпожарната единица Неготино, како и по едно возило со по двајца пожарникари од компаниите “Кожувчанка” и “Фени“.

Од Територијалната противпожарна единица во Кавадарци деновиве информираа дека седум пожари само во еден ден избувнале од запалени оџаци и тоа за Божикните празници кога и имале интензивни активности на терен со запалени оџаци, пожар предизвикан од плинска боца, како и еден запален подрум.

„Пожарите што се од запалените оџаци најчесто се во згради каде поради некооперативност меѓу станарите, истите не се чистат навреме за ослободување на одводните канали за чадот кој излегува при затоплување на домовите. Пожари исто така има и кај индивидуални станбени објекти каде сопствениците не го почитуваат правилото за редовно чистење на оџаците“,објасуваат од протовпожарна.

Познато е дека за време на зимскиот период најчести појави се пожари на оџаци, па затоа од противпожарната единица апелираат да се внимава кога се загреваат домовите со дрва,тука се мисли на станарите во зградите кои имаат доградби, но и за семејствата каде дрвените греди од покривите се наоѓаат во непосредна близина до оџаците.

Според пожарникарите, правилно е секој човек кој се грее на дрва,оџакот да го чисти најмалку три пати во текот на годината и тоа на почетокот,на средината и на крајот на грејната сезона за да не доаѓа до вакви несакани последици.

Билјана Н.Тошевски