Зајадливоста на Трајко Вељановски

Поранешниот Претседател на Собрание на РМ кој неделовнички го окупираше спикерското место и ја водеше конститутивна седница на која се верификуваа мандатите на новите пратеници не му недостасува зајдливост, но очигледно  му недостасува политичка култура.

Трајко Вељановски, покрај тоа што е нервозен, нетрпеливо го сослуша пратеникот на Беса Зекирија Ибраими кој побара да не му се верификува мандатот на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Јохан Тарчуловски. Тој образложи дека Тарчуловски бил осуден за воени злосторства во Хаг и тоа за ликвидација на негови сожители во селото Љуботен.

На ова реплицираше Илија Димовски од ДПМНЕ кој рече дека изборната кампања заврши, а никој нема право да го оспори мандатот што го дале граѓаните на избори.

Трајко Вељановски додаде -,,има време ќе научи”, алудирајќи на неискуството на пратеникот и го посоветува да се зафати со читање на деловникот и законите за да научи нешто.

По ова заврши седницата на која беа верификувани мандатите на 120 пратеници.