За Ахмети Декларацијата не е приоритет за новата Влада,туку НАТО,ЕУ и стабилноста на Македонија

Лидерот на ДУИ Али Ахмети  во изјава за повеќе  медиуми на албански јазик, рече  дека Декларацијата на Албанците нема целосно да биде вклучена во  програмата на новата Влада од повеќе причини кои се многу реални и искрени.  Ќе се земат делови кои се  најважните аспекти за големи реформски приоритети, рече Ахмети.

 

За Ахмети сега најважно е Македонија да напредува во ЕУ и НАТО и што поскоро да стане нивна членк. Исто така , за лидерот на ДУИ сега е најважно Македонија да остане стабилна и позитивно да влијае на регионот.

Сите точки на Декларација  ќе бидат отворени за дебата и нема да се држат во тајност, бидејќи не претставуваат никаква закана за Македонија,рече Ахмети.

-Се дигна голема врева од т.н. Тиранска платформа, и без оглед што Албанската декларација значи заедничка платформа на изборните програми на ДУИ, БЕСА и Алијансата, секое негативно формулирање може да се сфати како провокација и негирање на гаранциите кои Зоран Заев ги даде за зачувување на унитарниот карактер на Македонија-зјави Ахмети.