За Бедредин Ибраими приговорите на Беса се апсурдни

Членот на Државна изборна комисија Бедредин Ибраими предложен од ДПА се закани дека ќе ја напушти седницата и нема повеќе да дискутира по апсурдни приговори. Тој смета дека сите приговори на Беса се апсурди и неиздржани и дека не требаше воопшто да влезат во процедура за разгледување, а не пак да се дискутира за нив и да се гласа. Нема никаков доказ или аргумент, приговорите се поднесени нестручно и тенденциозно, рече Ибраими и одби да дискутира за нив , а рече дека нема ниту да присуствува на седницата ако продолжи вака, туку само ќе доаѓа да гласа.

И третиот приговор со 7 гласа беше отфрлен, за гласаа само двајцата членови што се предложени од СДСМ.

Субхи Јакупи нивното гласање контра другите седум го нарече смешно и тенденциозно, обид да се претстави во јавноста дека нешто не е во ред и да се остави простор за сомнеж.