За Беса и Алијанса на Албанци во оваа фаза од процесот е прифатлива владината програма на СДСМ

Во оваа фаза од политичкиот процес кога се уште не е доделен мандата на СДСМ за состав на нова Влада, за Беса и Алијанаса на Албанците претставената предлог-владина програма е добра основа за натамошни преговори. Тие нема да ја коментираат , но додаваат дека имаат свои забелешки кои че се обидат да ги образложат кога мандатот ќе биде доделен, Сега, според нив , најдобро е да с епочитува волјата на мнозинството што е изразена преку 67 потписи и Иванов да го додели мандатот.
„ Движењето Беса во оваа фаза ќе се воздржи од коментар на деталите од претставената програма од СДСМ, бидејќи не е деблокирано доделувањето на мандат за претседателот не СДСМ, што е процес кој создава можност за отпочнување на преговори за создавање на влада“-се вели во соопштението.

До тогаш нема да коментираат, а откако ќе му биде доделен мандатот на Заев и тие ќе се изјаснат со забелешки и сугестии, за да се постигне една сеопфатна владина програма, секако со надеж дека тоа ќе се случи. Притоа истакнуваат дека и понатаму имаат разлики со СДСМ во однос на толкување на уставните одредби кои се однесуваат на употребата на албанскиот јазик, се вели во партиското соопштение.