За ВМРО ДПМНЕ Стефан Богоев е ,,богатото разгалено синче“

Непримерно за една политичка партија, кампања и политичка борба воопшто, ВМРО ДПМНЕ речиси секој ден држи прес конференции на кои младите членови повторуваат дека кандидатот за градоначалник од СДСМ, Стефан Богоев, е ,,богато разгалено синче“.

Тоа би требало да е аргументот на ВМРО ДПМНЕ за да не гласаат жителите на Карпош за него. Па велат:

,,Богатото разгалено синче Стефан Богоев и СДСМ се симбол за лажни ветувања и манипулации.Пред парламентарните избори им ветуваа брда и долини на младите, а сега може да се види дека ништо од тоа не е реализирано.

Прво, Богоев и СДСМ ги лажеа младите дека ќе добијат вработување, практиканство или дообука по завршувањето на образованието, а сега може да видиме дека младите не добија ништо од тоа.

Второ, лажеа дека младите кои сакаат да започнат сопствен бизнис ќе добијат по 10 илјади евра неповратни средства, бесплатна просторија како и правна и сметководствена поддршка. Поминаа 4 месеци, а младите не видоа ниту евро од ветените пари ниту просторија ниту пак видоа помош.

Трето, Богоев на студентите им ветуваше темелна реконструкција на студентските домови и нова зграда во рамки на Стив Наумов. Не само што нема нова зграда туку владата на СДСМ скрати 155 милиони денари за изградба на студентски домови.

Четврто, младите беа излажани и дека ќе добијат картичка за субвенциониран меѓуградски превоз за сите млади до 29 години кои доаѓаат од другите градови. И од ова ветување нема ништо. Започна учебната година, а ниту студентите ниту невработените имаат попуст за меѓуградски превоз.

Петто, ги излажаа студентите дека по принципот парт тиме јоб ќе добијат понуда за работа со скратено работно време со цел да заработуваат пари додека студираат. Ни од тоа нема ништо, понуда за студентите за работа со скратено работно време нема.

Лажеше тогаш, лаже и сега. Се што кажа богатото разгалено синче Богоев излажа, се што вети беа само лаги празни ветувања.

Како што не направија ништо добро за младите, така нема да направат ништо добро ни за граѓаните на општина Карпош.

Младите, но и сите граѓани на Карпош ги препознаваат лагите на Стефан Богоев и СДСМ. Тие нема да дозволат да бидат излажани. На 15-ти октомври Стефан Богоев и СДСМ ќе бидат казнети за сите нивни лаги и манипулации“- вели, веројатно сиромашната и неразгалена ќерка, Теодора Андоновска од ВМРО ДПМНЕ.