За време на вчерашниот протест биле приведени 10 лица

На 13.06.2018 година во периодот од 19.30 до 23.00 часот на ул. „11-ти Октомври“ во Скопје,  пред Собрание на Република Македонија се одржал јавен собир. За време на собирот, во 20.30 часот, дел од масата, во која имало и група на лица кои биле маскирани со „фантомки“, кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден молотов коктел (незапален).

Во Полициската станица Центар, поради нарушен јавен ред и мир се приведени 10 лица, информира МВР.