За Вучиќ протестите се дело на десничари, криминалци и странски служби

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по вчерашните протести во Белград, рече дека е јасно дека зад нив стојат криминалци, неофашисти и странски служби.

Рече дека целта не е ситуацијата со Ковид 19 и најавата за полициски час, туку ослабување на Србија пред преговорите за Косово и секако негова дискредитација.

Неколкуте демонстранти кои со своите изјави го привлекоа вниманието на јавноста, меѓу кое и момчето што зборуваше за својот починат татко од Ковид 19, ги нарече лажговци и лица осудувани за разни криминални дела.

Вучиќ порача дека никој ништо не му може, а тој единствено може да се победи на избори и евентуално ако некој го убие.

Кажа дека премиерката и епидемиолозите се против неговата идеја за полициски час и дека најверојатно идниот викенд тој нема да биде воведен.