За две недели во земјата се вратени 2.207 македонски државјани од светот

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, објави колку граѓани се вратени во земјата од светот, поради кризата со КОВИД 19.

,,Благодарност до луѓето во кризниот тим на МНР и сите други институции со кои соработуваме да си ги вратиме граѓаните дома во многу тешки услови.

За овој потфат ниту имаме претходни искуства, ниту имаме соодветни обуки, ниту имаме доволно луѓе во амбасадите и конзулатите. Имаме и големи успеси, но правиме и грешки. Добиваме секакви пораки, од трогателна благодарност до груби нервозни испади.

Но, најважно е што сме упорни. Продолжуваме понатаму!“-објави министерот Димитров.