За ЕУ писмото од Иванов мртво слово на хартија-му порачаа да го преиспита својот став

Европската Унија го повикува македонскиот претседател Ѓорге Иванов да го преиспита својот став и да овозможи формирање нова Влада во Македонија, изјави портпаролката  Маја Коцијанчич, одговарајќи на прашање дали ЕУ го добила писмото упатено од македонскиот Претседател во кое образложува зошто не го дава мандатот.

-Запознаени сме со писмото на Претседателот Иванов. Ги повикуваме сите политички чинители, вклучувајќи го и Претседателот, да го почитуваат изборниот резултат, да постапува согласно Уставот, да го почитува јасното парламентарно мнозинство, да дозволи демократскиот процес да тече. Го повикуваме Претседателот да го преиспита својот актуелен став и да овозможи формирање  нова Влада, изјави Коцијанчич.