,,За заедничка Македонија“ повикува граѓани од цела Македонија да дојдат во Собрание

Здружението на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ на својот фејсбук-профил ги повикаа сите  граѓани да дојдат пред Собранието.

Преку проглас тие напишаа:

„Се повикуваат сите граѓани од сите градови да дојдат пред Собранието на Република Македонија. Народот е газда на оваа држава!“