Со насловна фотографија од Али Ахмети на неговиот Фб профил, Абдуљ Селам – Селами – заменик директор во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се пофали со бројот на вработени Албанци во оваа државна институција.

Тој ги собра на прием во својата канцеларија вработените од албанска националност и направи фотографија која ја постави на својот ФБ профил со следната порака:

,,Најдобар подарок за мене е кога ќе го видам овој голем број албански работници.
Да ве видам уште повеќе!-напиша тој.

Ова не е првпат и тој не е единствен функционер на ДУИ чиј фокус е вработувањето Албанци во државната администрација.

Тие речиси никогаш не покажуваат интерес за вработените од другите националности и често ја искажуваат својата припадност и етничка поделеност.

ДУИ има само една агенда, вработување на Албанци според процентуална застапеност од пописот пред петнаесетина години.

Неколку илјади вработени од 2008 година наваму немаат ниту еден работен ден, не одат на работа, а стажот и платата им течат.

АКО.мк(Е.Л.)