На акцијата за собирање кабаст отпад, што се реализираше на 7.10.2016 и 8.10.2016 година во Општина Аеродром, беа собрани околу 65 кубици отпад – информираат од општина Аеродром.
Акцијата што се одвиваше речиси на целата територија на Општина Аеродром им овозможи на граѓаните да се ослободат од стар и неупотреблив мебел и апарати од бела техника.
Исто така, постои можност ваква услуга граѓаните да добијат и во други денови со одреден надомест, за што подетални информации може да се добијат на дежурниот телефон 0800 222 33.
Инаку, не само во Аеродром, заради минималната наплата за ваков вид услуги, кога реновираат или исфрлаат стари работи од своите домови, жителите на Скопје најчесто кабастиот отпад и градежен шут го оставаат покрај контејнерите.